Пешевски се раздели со Металург, следно Мотор

Малкумина играчи можат во своето „си-ви“ да ја запишат лојалноста кон еден клуб како една од главните карактеристики. 
Жарко Пешевски е еден од малкуте. Од првите ракометни чекори до 16 годишна кариера која го донесе и до репрезентативниот дрес, се беше врзано со Металург и „Автокоманда“: 

Вчера беше денот кога Жарко Пешевски и Металург тргнаа по различни патишта. Пешевски следните три сезони ќе биде во Украина, во Мотор Запорожје, Металург ќе бара соодветна замена, но вистинскиот наследник на Пешевски чекаме да го изделкаат од Арсеновски или Лазаревски. 

„Тежок натпревар беше овој со Вардар, последниот за мене во Металург. Се чувствував како почетник, Но,успеав да ги надвладеам емоциите“, вели Пешевски. 

Во Украина, Жарко Пешевски и Михал Кус ќе ги заменат Александар Шевелев и Лев Целишев. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk