Металург 2 и Струга во бараж за опстанок

Прилеп го доби дербито на сезоната (за нив) против Металург 2 во „Автокоманда“ (29:27) и обезбеди опстанок во Супер лигата следната сезона. 

Екипата на Металург 2 уште еднаш плати за процесот на производство на играчи со тоа што на полусезона најдобрите играчи им заминаа во Металург, а битката за опстанок ќе ја водат талентите што следната година ќе конкурираат за место во првиот тим. 

Металург 2 против Струга ќе се обиде да обезбеди опстанок во Лигата во баражот што дополнително ќе биде закажан. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk