Фијаско на шампионот Монпеље (ВИДЕО)

Нешто повеќе од 600 симпатизери се појавија на „големата“ прослава на шампионската титула во Монпеље објави францускиот Midi Libre Sports

Оваа бројка е далеку под сите очекувања, Монпеље имаше околу 350 фанови во Келн или заедно со навивачите на Нант што им даваа поддршка многу повеќе навивачи во „Ланксес“ отколку во својот град. Не се ни осмелуваме оваа прослава да ја споредиме со дочекот од над 50.000 фанови што го имаше лани Вардар, ниту пак со тој од една година претходно кога околу 25-30.000 Полјаци славеа заедно со Келце. 

Иако со сигурност нема да се фалат или гордеат со бројката на симпатизери што дојде со нив да ја прослави титулата, не изгледаа премногу разочарни играчите. Имаат со што да се фалат, цела претстојна сезона. 

 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk