Браќата Валчиќ си одат од ППД Загреб

Во ППД Загреб, незаменливиот сеха-лигаш и двократен европски првак годинава на ред е голема реконструкција. Крај на една ера во која незаменлив дел беа Игор Вори и браќата Јосип Валчиќ и Тончи Валчиќ. 

Податокот дека Јосип Валчиќ во ППД Загреб одиграл 13, а Тончи 14 сезони би требало да зборува доволно гласно за да ги надгласа сите коментари и анализи за нивното значење, придонес и што за нив а и за  ППД Загреб значи најавената разделба. 

Заминуваат и Добривоје Марковиќ, Давид Миклавчиќ и Домагој Павловиќ, а веќе се обезбедни и нивните алтернативи. 
ППД Загреб ќе има силен тим, но од септември почнува создавање на нова клупска приказна. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk