Горење (из)виси за СЕХА?

Екипата на Горење Велење, вториот најголем ракометен центар за машки ракомет во Словенија, би можел да и го отстапи своето место на Рибница во СЕХА Гаспром лигата следната сезона.

Горење во првенството на Словенија заврши на второто место, откако во последното коло беше поразен од шампионот Целје, а Рибница го совлада Копер на Веселин Вујовиќ. 

На финалната табела, по ова коло прв е Целје, втора Рибница, а со два бода помалку од нив следи довчерашниот сеха-лигаш и учесник во ЛШ - Горење. Патем оваа екипа го замени тренерот, па сега Зоран Јовичиќ е новиот кормилар, а од екипата си заминуваат осум, а засега доаѓаат четири играчи. 

Сега е на потег, СЕХА. Лигата има право да одбере дали Рибница или Горење ќе добијат покана за следната сезона. Ова зависи од условите во Рибница, изгледот на нивниот клуб за следната сезона и ред други работи. 

СЕХА следната сезона ќе се прегрупира, реорганизира и очекуваме наскоро и потврда од нив датали за тоа како ќе изгледа првенството следната сезона. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk