Германците (ќе) молат за место во ЛШ!

Бундес лигата е во последната фаза. Уште едно коло има до крајот во кое Флензбург со евентуална победа ќе стане нов шампион. Во ваков епилог РНЛ би бил втор, третото место ќе го освои Берлин, па следуваат Магдебург, Кил или Хановер... 

ЕХФ и Бундес лигата опасно се скараа сезонава поради термините за тв преносите. До таа мерка, што РНЛ отиде во Келце со младинскиот состав за да може во домашното првенство да игра првиот тим со Кил, а Извршната комисија на ЕХФ донесе одлука следната сезона, Германија да има само два претставника и дека за нив веќе нема да има вајлд карта. 
Германците таа одлука се чини не ги потресе многу. 

Но, сега доаѓа новата сезона во ЛШ и работите се менуваат. Фуксе Берлин е трет во Бундес лигата и доколку не беше кавгата сигурно ќе играше во ЛШ. Сега знаат дека нема. Но...

„Ние ќе аплицираме за вајлд карта во Лигата на шампионите“, изјави Боб Ханинг, една од највлијателните личности во германскиот ракомет во моментов. 


Ставот на ЕХФ за Германците е јасен. Донесена е одлука на Извршна Комисија и за таа да се промени, Германците ќе треба да направат многу повеќе отколку само да аплицираат. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk