БАРАЖ ЗА СП: Врањеш го врати Наѓ, ништо од Сулиќ, Илиќ

Унгарија и нејзиниот селектор Љубомир Врањеш одат по жица по неколкуте слаби остварувања на нивната репрезентација. Слабо одиграа и на ЕП Хрватска, беа елиминирани во првиот круг, а тоа во баражот за СП им ја донесе Словенија за противник.

Веднаш почна мобилизација која се засноваше на натурализирање на Ренато Сулиќ, Момир Илиќ и враќа во репрезентацијата на Ласло Наѓ. Врањеш доби само едно „да“ на трите понуди. Нема да ги видиме Сулиќ ниту Илиќ в дресот на Унгарија, но затоа се враќа во репрезентацијата Ласло Наѓ. Натурализацијата не мина, а во составот ќе го немаат ниту Иман Џамали, Иранецот што веќе има настапи за Унгарија.

Проблем за Врањеш е што нема да може да смета на би рекле единствениот играч со повеќе фантазија, Габор Часар кој е повреден и нема да игра. Мате Лекаи и Адам Јухач ќе ја организираат играта на Унгарија, која се чини сите карти ќе ги фрли на одбраната. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk