Списокот на Раул за баражот со Романија

Селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалез, денеска го соопшти списокот на кој се наоѓаат имињата на 28 играчи од кој ќе биде селектиран и скратениот состав за настап на баражот со Романија. 

Македонија со Романија ќе одигра два натпревари, на 10 јуни во Скопје и на 13 јуни во Клуж, а вкупниот победник ќе учествува на СП Германија и Данска, јануари 2019 година. Од тоа СП, се обезбедува место во квалификациите за ОИ Токио. 

На овој список нема поголеми изненадувања. Од составот што играше на ЕП Хрватска, Аце Јоновски е повреден и вон строј, па затоа и го нема во составот. 

Скратениот список, тој што наскоро треба да биде објавен е тој што ќе го даде одговорот како ќе изгледа македонската репрезентација на натпреварите со Романија. Подготовките ќе се одвиваат во Скопје, а првиот собир, би требало да биде на 4 јуни. Но, датумот не е официјално потврден, па затоа оставаме овде простор и нешто да се промени. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk