Железничар обезбеди место во СЕХА

Железничар од Ниш, во дербито на колото, првенството, ја совлада на свој терен Војводина (21:15) и сега, на едно коло до крајот има обезбедено второ место во првенството, што барем според пласманот му обезбедува место во СЕХА Гаспром лигата следната сезона. 

За освојување на титула по повеќе од три децении, пак, му е потребен само уште еден бод, а по него ќе мора да оди во Шабац, на гости кај една од послабите екипи во плеј оф - Металопластика. 

Железничар (12 бода) има подобар меѓусебен скор, а има и бод повеќе од Војводина и Партизан кои се на делба на второто место. Тие пак, во последното коло играт меѓусебе, во Нови Сад. Динамо Панчево со 8 бода се простува во СЕХА Гаспром, по една година играње.

Така екипата што од клупа ја води Јошко Петковиќ, тренерот што голем дел во кариерата бил тренер во Македонија, тим менаџер им е екс Металург Иван Шмигиќ, во управа им е екс директор/претседател на Металург, Левче Китевски, а на терен ги имаат и Александар Станојевиќ, Жарко Петковиќ, Бобан Живковиќ (екс играчи на Металург или Вардар) е на прагот да испише историја. 
Ниш одново ракометно заживеа и сега дише заедно со клубот. 

Пласманот во СЕХА Гаспром од натпреварувачки аспект е обезбеден, но сега треба и организациски да се прегрупираат, затоа што играње во СЕХА Гаспром и во домашно првенство се две различни работи. Треба да исполнат одредени услови, а потоа СЕХА да пресече и да го каже последниот збор. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk