НАЈСИЛЕН ШУТ: Бомбите на Карабатиќ

Годинава на „Ф4' турнирот, „Селект“ ја промовираше својата паметна топка во која се вградни низа чипови што отчитуваат различни параметри од играта, претходно недостапни за јавноста. 

Тоа со што публиката најмногу се занимаваше е кој играч упатил најсилен шут. Јасно, низа фактори решаваат при упатувањето на ударите, пред се позицијата што ја има играчот кога шутира, но како и да е, на последниот Ф4, титулата на човек со најсилен шут оди за Никола Карабатиќ. 

Неговите две ракети на натпреварот со Вардар се на првото место, потоа следи Мелвин Ричардсон, исто така за шут на натпреварот со Вардар. 

Ако ве интересира како мина вардаровиот бомбардер, Вуко Борозан... тој не се прослави со своето најсилно оружје на овој турнир. Неговиот најсилен шут беше 115 км/ч, а од редовите на Вардар најдобро котираше Мораеш кој на полуфиналето шутна и со 124 км/ч. 

Според испитувањето на „Селект“, вака изгледа топ 5 листата: 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk