Даскалоски потпиша за клуб од Франција

Еден од македонските репрезентативни голмани, Златко Даскалоски, како што најавивме заминува од романскиот тим Темишвар каде што бранеше последните четири години. 

Негова следна дестинација е Франција, екипата е Стразбур, тим што ќе се натпреварува во Д2, втората француска дивизија. 
Стразбур е екипа чии амбиции се пласман во најсилната конкуренција во Франција, а за таа цел им се потребни добри играчи затоа што не само првата лига, таму се силни и добро организирани и екипите и во понизок ранг, што, секако, го носи моментот да станат најдобрата лига во светот, не само според резултатите во Европа сезонава. 

„Се договоривме за соработка на две сезони. Клубот има големи амбиции, ќе се засили сериозно и верувам дека ќе ги исполниме амбициите“, вели Даскалоски. 


Македонскиот голман е еден од најдобрите што ги има Македонија. Годинава наполни 33 години од кои рековме четири мина како играч на Тамишвар каде дојде од Вардар. Стружанецот покрај матичниот има играно и во Тинекс Пролет една сезона, а како интернационалец покрај романскиот клуб, го бранеше и голот на Ловќен и Анкара. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk