ФИНАЛЕ НА ЛШ:
МОНПЕЉЕ - НАНТ 32:26 (16:13)
Монпеље е новиот европски шампион. Кирил Лазаров и Нант не успеаја, иако имаа шанса, беа рамноправни 50 минути, но во последните десет „експлодира“ екипата што игра најдобар ракомет во Европа и заслужено го подигна победничкиот пехар.
Екипата на Монпеље е тим што во елиминациите дојде од групите Ц/Д, а потоа на патот до шампионската титула со реди ги елиминираше Барселона, Флензбург, Вардар и конечно, Нант.
Покажа Монпеље разновидност, ако вчера Тручановичиус, Порт и Ричардсон беа клучни за триумф над Вардар, сега Симоне, Фабрегас, Гигу, Жерар...
Нант почна агресивно, но мошне брзо се виде дека Монпеље е побрз и поспретен. Откако ги „испукаа“ првите бомби кон голот на Монпеље, на сцена стапи Жерар кој првиот дел го заврши со 10 одбрани, а Монпеље со три гола предност (16:13)
Во вториот дел Ханснен на стартот постигна три гола од четири обиди и го израмни резултатот. За кратко, Монпеље се врати во водство, па дојде редот на Кирил Лазаров.
Капитенот на македонската репрезентација погодуваше, разигрување и асистираше и Нант израмни на 24:24 во 51 минута. Во првиот обид Њокас да го „имитира“ Лазаров направи техничка грешка казнета со гол за плус два, потоа уште една загубена топка и нова казна за 24:27, па комбинацијата Лазаров-Турнат отиде во бунар и Монпеље дојде до 28:24, потоа и до 29:24.
Конечниот резултат е 32:26, превисок според тоа што се играше, но наполно заслужено за новиот европски првак.
Поврзани вести