ЕХФ потпиша дил од пола милијарда евра!

ЕХФ денеска со посебна гордост објави дека потпишала маркетиншки договор со Infront и Perform Group со кои ги отстапува маркетиншките права на ЕП во машка и женска конкуренција во сите категории, како и ЛШ почнувајќи од 2020 па до 2030 година. 

За овој договор, за десет годишниот договор, ЕХФ ќе инкасира межу 500 и 600 милиони евра!

Ова значи дека, конечно, ракометот ќе почне да врти пари и да се доближува до кошарката. Дополнително ќе дознаеме како ќе оди распределбата на парите. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk