Струга оди во бараж за Супер лига!

Екипата на Струга обезбеди пласман во баражот за Супер лига откако попладнево во Кисела Вода го совлада Металург Јуниор во директната битка за позицијата број два во Првата Лига. Стружани сега имаат еден бод повеќе од директниот ривал и во последното коло треба да го верификуваат пласманот на второто место. 

Струга победи (26:21) во динамичен натпревар, на кој едноставно, имаа повеќе сила од домашниот тим. Првиот дел беше израмнет, Струга поведе, Металург Јуниор бекаше и израмнуваше се до финишот, кога Струга дојде до плус два гола што беше и разлика на полувреме. 

Во вториот дел уште повеќе до израз дојде физичката подогтвеност на гостите. Израмнето веше во воведните шест седум минути, а потоа стружани поведоа со три, па со четири гола разлика (16:12) и практично уште во тој момент стигнаа со водство што за Металург Јуниор беше недостижно. 

Струга сега е во исчекување на епилогот од последното коло од Плеј аут првенството. Поразениот од дуелот Металург 2 - Прилеп ќе биде нивниот противник за место во Супер лигата следната сезона. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk