Вардар (Ј) се спаси, Металург 2 или Прилеп во бараж

Екипата на Вардар Јуниор го совлада тимот на Металург 2 во претпоследното коло од Плеј аут првенството (36:33) и обезбеди опстанок во Супер лигата и следната сезона. 

Резултатот на натпреварот беше „тесен“ во најголемиот дел. Металург водеше во првиот дел од полувремето, потоа Вардар ја презема контролата. 
Средбата беше решена кон средината на вториот дел кога Вардар од 21:20, стигна до 25:21. По ова младите металурзи веќе не успеаја да се вратат, иако во еден момент ја преполовија разликата. 

Во последното коло, во „Автокоманда“ се среќаваат Металург 2 и Прилеп. Прилеп има подобар скор од меѓусебните дуели, Металург 2 би завршил работа со нерешено, а и ќе ја има предноста на домашниот терен. 

Поразениот од овој дуел, ќе игра бараж за место во Супер лигата со победникот од натпреварот Металург Јуниор - Струга.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk