Без Штербик против ПСЖ!

Вардар денеска нема да може да смета на услугите на својот најдобар поединец, Арпад Штербик за дуелот со Пари Сен Жермен. 
Арпад Штербик вчера во текот на второто полувреме побара замена, се работи за повреда и веќе не се врати на натпреварот. 
Денеска го нема на списокот на пријавени играчи за дуелот за третото место. Даниел Ѓорѓески и Страхиња Милиќ ќе бидат тандемот на вардаровиот гол. 

Две измени направи Раул. Во игра ќе биде и македонскиот репрезентативец Мартин Поповски на местото на Јања Војводиќ кој вчера беше во составот. 

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk