БИТКА ЗА БАРАЖ: Металург Јуниор или Струга?

Денеска во 12:30 часот во салата Архиепископ Доситеј во општината Кисела Вода, во решавачка битка за пласман во баражот, копјата ќе ги вкрстат Металург Јуниор и Струга. 
Двата клуба се освежување на ракометната сцена во Македонија. 
Металург Јуниор е клуб воден од Ристо Чокрев, долгогодишниот претседател на Металург, од времето на најголемите клупски успеси. 
Струга на истата, претседателска функција ги има Наумче Мојсовски. Чокрев и Мојсовски долги години соработуваа во Металург, сега се на спротивната страна со сопствени проекти и штета е што нема место за двата клуба во Супер лигата. 

Металург Јуниор речиси цела сезона е пред Струга на табелата. Минатата недела го имаше баражот на дофат, но загуби од Вардар Неготино како гостин и сега разликата меѓу нив и Струга е само еден бод. На скопскиот тим и нерешно ќе му заврши работа, но стружани се амбициозни.

Средбата ќе се игра во салата во Кисела Вода, општина која долго време нема видено дерби ракомет на свој терен. Убава можност да се фати воздух и неделното попладне да почне со ракомет во живо, пред да се загреат седиштата пред тв за настаните што ќе следуваат во Келн. 


Средбата ќе ја судат суперлигашките ЕХФ судии, Димитар Митревски и Благојче Тодоровски. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk