Видно разочарани вардаровите ракометари мораа да го признаат поразот. Лути на себе и на Фортуна која овој пат не им се насмевна
„Монпеље играше точно така како што очекувавме. Се плашевме од некоја нова акција, но немаа, играа тоа што го знаевме и за што се спремавме. Тоа што ние не одговориме на нивната игра, е друга работа. Зошто, тоа е друга работа и не би знаел да кажам.
Сега мораме да се ресетираме, поради нашите навивачи, поради навивачите во Македонија. Ние го носиме овој дрес и должни сме до крај да се бориме за него“, изјави Иван Чупиќ.
Вардар утре од 15:15 часот, во реприза на ланското финале ќе се сретне со екипата на ПСЖ.