Нант е тим, ПСЖ - група на граѓани со 17 милиони евра буџет

КЕЛН, „Ф4“ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ
ПОЛУФИНАЛЕ 1:

НАНТ - ПСЖ    32:28 (17:14)


Нант и Кирил Лазаров се првите финалисти на Лигата на шампионите. Во првото полуфинале, „пукна“ и првата сензација. Нант го надигра во секој сегмент скапиот ПСЖ и го испрати во битка за трето место. Нант денеска играше како тим, колективно, секој знаеше што прави, а посено голманот Сирил Домулан и пикерот Турнат. 

Во првото полувреме, Нант играше како тим, а ПСЖ како група граѓани. И тоа скапа група граѓани што има 17 милиони евра буџет.
Нападот им беше бавен и се сведуваше на понекоја асистенција од Никола Карабатиќ, голови на Абало и Конкуд.
Нант беше брз, креативен, непредвидлив и разновиден. Омејер како да не постоеше на голот на ПСЖ, додека Домулин беше на солидно ниво.
Поведе ПСЖ со 3:1, Нант преку пеналите реализирани од Лазаров се врати на 3:3, потоа почнаа да доминираат.
Поведоа со четири , па со пет гола разлика (15:10) и се чинеше дека ПСЖ е разбиен. Но, падна ритамот на Нант, Коралес одбрани, одбраната во која се врати Лука Карбатиќ малку живна, во напад распали Недим Ремили и ПСЖ намали на минус два (14:16). Последниот напад Нант го реализираше и на одмор се отиде со 17:14 за Нант.
Целото прво полувреме Нарсис го мина на клуба, Микел Хансен играше само додека Сагосен беше исклучен.

Во првите три напади во вториот дел, парижаните буквално во раце им фрлија топки на своите противници и тоа Нант го искористи за да поведе и со 6 гола разлика. 
Потоа почна битка за враќање на ПСЖ, но Домулан ги запираше сите посериозни обиди. Никола Карабатиќ почна мала симултанка, ПСЖ намали на 19:22, по што Тјери Анти побара тајм аут.

ПСЖ им се врати на грешките, Турнат блескаше на линијата, Лазаров решеташе од седмерците и ПСЖ на десет минути до крајот беше во нокаут. 

Кирил Лазаров на оваа средба ја мина границата од 61 гол и стана најдобриот стрелец во историјата на Ф4 турнирите



На пет и пол минути до крајот, ПСЖ намали на 27:29, по што Анти одново побара тајм аут. Лагард биеше во пречка, по што Сагосен намали на 28:29. Потоа Омејер, конечно, одбрани и ПСЖ имаше напад за реми. 

Шутираше Микел Хансен, но одбрани Домулан. Турнат погоди за 30:28, но потоа и заработи исклучување и Нант остана и со 4 играчи во поле. 
Но, Домулан му одбрани пенал на Хансен, па Њокас погоди за 31:28.потоа Домулан одбрани и зицер, па Клајн погоди за 32:28 и тоа беше крај за ПСЖ. 

Нант е во финале, а најдоброто за ПСЖ по овој Ф4 е што Сердрушиќ оди во пензија. Може со себе да ги поведе и Нарсис кој денеска му остана на клупа и Омејер кој веќе го има одбрането своето во кариерата. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk