Келце сака во СЕХА, но...

Изјавата на претседателот на СЕХА Гаспром, Михајло Михајловски, што датира од финалниот ден на „Ф4“ турнирот во Скопје, дека СЕХА преговара со Веспрем и Сегед, но дека опција се и Келце и Висла Плоцк дури денеска си го најде своето место во полските медиуми. 

Полските новинари го прашуваа Бертус Сервас, спонзорот-сопственик а Келце околу можноста да играат во СЕХА, а тој изјави дека е заинтересиран и дека ќе разговараат.

„Имаме покана и заинтересирани сме. И веќе изразив подготвеност да разговараме, но нема да донесеме никаква одлука без консултација и дозвола од полската ракометна федерација. Во Келн, во сабота (денеска) ќе има состанок на таа тема и јас ќе присуствувам. Таму битките се престижни и конкуренцијата е силна. Исто и економскиот момент е многу важен. 
Но, се сомневам дека ќе добиеме дозвола од Супер лигата. Малкумина во Полска, размислуваат како мене дека играњето во СЕХА на екипите на Келце и Висла се добри за целиот полски ракомет“, изјави Сервас за полскиот „SportoweFakty“.

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk