ПСЖ-Нант: Дрим тим или циркуска атракција

Првото полуфинале од годинешниот „Ф4“ се игра денеска од 15:15 часот, а актери ќе бидат Нант и Кирил Лазаров и најскапиот состав во ракометната историја - Пари Сен Жермен. 

Нант, екипа во која играат врвни играчи какви што секако се Кирил Лазаров, Сирил Домулан, Балагер, Гурбиндо, потоа Турнат, Клајн, Клер... Оваа екипа би требало да биде кадарна да се носи со секого, посебно на неутрален терен. 

Но, да бидеме искрени. Ако ПСЖ игра како што може и се очекува од нив. Тогаш, не само Нант. Никој нема шанси против нив. Видовме сезонава како за само 30 минути го претворија моќниот Келце во кротко јагне. Тоа е репрезентацијата на Франција, засилена со Микел Хансен, Сандер Сагосен, Уве Гензајмер. 

„Проблемот“ со ПСЖ е што не играат секогаш колку што можат, како што знаат и како што од нив се очекува. Тоа го прават одвреме навреме колку да потсетат со кого си имаме работа. И тоа е шансата за сите други. И за Нант денеска. ПСЖ има толку многу ѕвезди во тимот што не само што луѓето веќе го гледаат како патувачка атракција, туку и самите се однесуваат така. Таман, за да можеме слободно да ја користиме флоскулата „ Не е битно кој игра, туку како игра“. 

„Нема да глумиме аутсајдери. Ќе играме храбро и ќе ја бараме нашата шанса“, изјави Лазаров во пресрет на овој меч. И Нант има шанса, но дали ќе победи зависи од ПСЖ. 

Звонимир Сердарушиќ и Штафан Олсон, двајца врвни тренери на клупата, лани на дуелот со Вардат беа доведени до очај, па се пробаа и со седум на шест е нон-сенс да го игра Париз покрај толку врвни играчи и беа надиграни. 

Дали е Никола Карабатиќ премногу доминантен таму, дали се Нарсис и Омејер престари, дали Микел Хансен е вратен по проблемите со коленото или Сагосен премногу неискусен? Дали Нилсен може да го замени Лука Карабатиќ, дали Абало и Конкуд се рехабилитирани? Одговор на сите овие прашања ќе добиеме по два и пол часа. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk