Лекиќ не игра против Македонија

Андреа Лекиќ, вардаровата ракометарка (барем додека формално не заврши сезоната), нема да игра на натпреварите на српската репрезентација во последната етапа од квалификациите за ЕП 2018. 

Србија ќе игра со Ф. Острови, а потоа на 3 јуни во Ниш и против Македонија. Андреа Лекиќ нема да биде дел од овие натпревари затоа што и треба одмор по напорната сезона во Лигата на шампионите со Вардар. 

Србија и Шведска се репрезентациите што извесно ќе обезбедат пласман на ЕП, додека Македонија има само теоретски шанси, па Љубомир Обрадовиќ, селекторот на женската и на машката репрезентација на Србија се чувствува доволно комфорно да може да и даде слободни денови на својата условно кажано најдобра ракометарка. 

Драгана Цвијиќ, пак, ќе биде во составот на Србија за овие два натпревари. 

Голмани: Katarina Tomašević (Dunajvaroš), Marija Čolić (Nica), Marina Pantić (Avr).
Леви крила: Sanja Radosavljević (Vac), Dijana Radojević (Ankara Jenimahale).
Пикери: Dragana Cvijić (Vardar), Slađana Pop-Lazić (Brest).
Десни крила: Katarina Krpež-Šlezak (Erd), Željka Nikolić (Munisipal Krajova).
Бекови: Jovana Stoiljković (Brest), Marija Obradović (Tus Mecingen), Katarina Stošić (Avr), Tamara Radojević(Kišvardai), Jelena Lavko (Alba Fehervar), Jelena Trifunović (Munisipal Krajova), Marina Dmitrović (Kišvarda), Dijana Števin (Seles Sur Bel).
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk