Грузиецот Тимураз Орјоникидѕе, еден од најдобрите млади играчи што дошле во Македонија последниве години, за жал заминува од Пелистер и Македонија и следната сезона ќе биде дел од еден голем проект што се создава во Унгарија.
Екипата на ФТЦ Будимпешта денеска на прес конференција ги претстави новите засилувања, а меѓу нив се најде и 22 годишното откритие на Прилеп, подоцна ракометар на Пелистер - Темо Орјоникидѕе.
Орјоникидѕе не е единственото засилување за ФТЦ, таму доаѓа и легендарниот дефанзивец на Веспрем, Тимушин Суч, потоа Петер Ковачич, Бендек Шакали и Давид Дебрецени, ракометари што играа во Ѓунѓош, Веспрем и Дебрецен.
Пелистер, така полека доаѓа пред нова реконструкција со оглед на тоа дека и Томи Јагурниноски треба да се врати во Металург за следната сезона.