СЕХА: Мешков повторно шампион на Белорусија

Сехалигашот Мешков Брест одново е шампион на Белорусија. На натпреварот што одлучуваше дали Мешков или СКА Минск ќе го подигнат победничкиот пехар, Мешков Брест одигра подобар натпревар и победи со 22:19 (13:9). 

Годинава Мешков Брест виде посилна конкуренција во домашното првенство. СКА Минск состави одличен состав главно од домашни ракометари и во текот на првенството имаше и убедливи победи над сехалигашот. 

Но, кога дојде моментот да се игра за титула, пресуди искуството и поголемиот квалитет на играчите од Брест и тие стигнаа до својата десетта титула во првенството на Белорусија. 

Петар Ѓорѓиќ со 5 и Денис Рутенка со 4 беа најефикасни кај победничкиот тим, додека Александар Подшивалов со шест гола беше најефикасен во редовите на СКА Минск и на натпреварот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk