Кузманоски и Јагањац за најдобар млад играч

Во исчекување ЕХФ денеска да го прогласи идеалниот тим на ЛШ, ќе се осврнеме малку на избор на најдобри играчи што ги спроведува ракометниот портал „Хендбал-планет“ англиската верзија со малку поизменети содржини на „Балкан Хендбал“.

Овие два портала редовно спроведуваат избор на најдобри играчи во кои учествуваат голем број на новинари од повеќе земји, плус гласови од читателите. 
G-sport.mk е во комисијата за избор на играчи на споментите портали. 

Двајца ракометари што играат во Македонија се најдоа во изборот за најдобри млади играчи. Филип Кумановски и Халил Јагањац. Двајцата играат во Металург, единствениот клуб што може да каже за себе дека е вистински производител на ракометари од тоа ниво во моментов кај нас. 

За Кузмановски и Јагањац, како и за комплетната постава на најдобри млади играчи можете да гласате на следниов линк:

Избор на најдобар млад играч
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk