РНЛ ја (за)губи титулата!

Рајн Некар Ловен е многу блиску да ја сподели судбината со францускиот Монпеље. 
Невозможното, предноста од два бода пред Флензбург на четири кола до крајот, РНЛ ја прокоцна во само два меча. 

Откако минатото коло одигра нерешено со Ерланген, денеска пред своите гледачи беше поразен од Мелзунген. Сега, прв на табелата е Флензбург со бод повеќе од РНЛ и два меча до крајот. И лесни натпревари со Либек (16 место) на гости и дома со Гепинген (10 место). 

„Седум на шест“ е играта што веројатно ќе го реши новиот шампион. Иако РНЛ е тимот што најчесто играше ваква стратегија, сега Мелзунген ги изненади. И тоа вистински ги изненади, затоа што во напаѓачката формација, на линијата испрати дури три пикери!
Фин Лемке, се сеќавате на него од СП, постигна два гола во послендите пет минути и му донесе на Мелзунген победа од 24:23. Голманот Небојша Симиќ исто така одигра важна улога на овој натпревар. 

Ова би можел да биде големиот чекор кон најавената смена на Николај Јакобсен на клупата на РНЛ. Негов наследник треба да биде селекторот на Шведска, Кристијан Андресон. 

Филип Талески немаше статитсичко остварување на овој меч.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk