Пасквал одбра тим за Македонија

Селекторот на Романија, Хавиер Пасквал го соопшти списокот на ракометари со кои планира да и се спротивстави на Македонија во јуни, на бараж натпреварите за пласман на Светското првенство во Германија и Данска. 

Очекувано во составот го нема нивниот најдобар играч, Александре Шимику кој е повреден и долго ќе отсуствува, но Пасквал го повика Кристијан Фенич. Централниот бек на Темишвар исто така е повреден и се очекува да не игра, но сепак е во тимот и којзнае, можеби ќе го видиме на терен. 

Изненадувањето од Пасквал е изборот на играчи од позицијата лево крило. Сосема нов сет на крила има Пасквал за дуелите со Македонија. Ги нема Негру и Онеџекве, а повикани се Венсел од Констанца и Росу од Стеауа. 

Комплетниот список на повикани ракометари има 23 имиња: 
 
  • Голмани: Ionuţ Iancu (Tatabanya), Tudor Stănescu (Steaua), Mihai Popescu (St. Raphael)
  • Леви крила: Csog Vencel (HCDS Constanţa), Alin Roşu (Steaua)
  • Леви бекови: George Cîntec (Potaissa Turda), Viorel Fotache (Dunărea Călăraşi), Robert Militaru (CSM Bucureşti), Dan Racoţea (Wisla Plock), Ionuţ Ramba (CSM Bucureşti), Gabriel Burlacu (CSU Suceava)
  • Централни бекови: Octavian Bizău (Steaua), Alexandru Csepreghi (Creteil), Cristian Fenici (Poli Timişoara), Ramon Şomlea (CSM Bucureşti)
  • Десни бекови: Demis Grigoraş (Tatabanya), Javier Humet (CSM Bucureşti)
  • Десни крила: Valentin Ghionea (Wisla Plock), Marius Sadoveac (Tremblay), Roland Thalmaier (Potaissa Turda)
  • Пикери: Adrian Rotaru (CSM Bucureşti), Marius Mocanu (Dinamo), Dragoş Soare (HCDS Constanţa

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk