ЦЕМС и Вугринец ќе формираат клуб и камп

Ракометна Македонија е на добар пат да добие нов клуб во машка и женска конкуренција што ќе оскокнува организациски од стандардите што се воспоставени овде многу одамна и што се помалку ги даваат посакуваните резулутати. 

Центарот за едукација и менаџмент во спортот (ЦЕМС) во соработка со Ренато Вугринец, со општината Карпош, данската менаџерска „Елит“, Триглав осигурување... денеска објави дека почнува ракометен проект во Македонија. Проект што е планирано да трае долгорочно и да функционира по поинаков систем. 

Во два дела ќе се одвива целиот проект. Едниот дел е ракометен камп ЦЕМС-Ренато Вугринец што премиерно ќе се одржи летово во Струга во две смени, од 20 до 24 август и од 25 до 29 август. 
Вториот дел се ракометните клубови што од септември ќе се натпреваруваат и во машка и во женска конкуренција. Во Првата лига мажи, односно Супер лигата жени. 


Ренато Вугринец и Бојан Захариев ја заверија соработката

Специјален гостин на кампот ќе биде Данецот Бјерн Јакобсен поранешен тренер на екипи од Данска, Шведска, Германија. Инаку татко на ракометарката на Митјиланд, Аника Јакобсен,
Тој во моментов е директор на ЕЛИТ, менаџерска агенција од Данска и претседател на меѓународниот совет за ракомет на ЦЕМС. 
Јакобсен е една од алките што би требало да ги спои ракометните Македонија и Данска и да отвори малку поконкретна соработка во сите сегменти, вклучувајќи и кампови и трансфери... 

„Почнуваме со поставување на базата на овој проект. Нашата цел е да направиме клуб со солидна основа каде што ќе се работи професионално од најмладите категории, со посебно внимание на едукацијата на играчите, формирање на здрави спортски навики. Ќе биде потребно време, но ние немаме временска рамка. Ќе одиме скала по скала“, изјави Јакобсен. 



Данецот Јакобсен треба да биде алката што ќе ги спојува Македонија и Данска

Повеќе детали за тоа како ќе изгледа новиот клуб даде претседателот на ЦЕМС, Бојан Захариев. Тој ќе биде и претседател на клубот додека Ренато Вугринец ќе ја има улогата на тим менаџер. 

Клубот ќе дејствува на територија на општина Карпош и со подршка на повеќе компании очекуваме да создадеме еден клуб кој во наредните години ќе има основен концепт да произведува млади играчи и со професионална работа и едукација да биде во функција на развојот на ракометот во нашата држава. 
Посебно сакам да истакнам благодарност, а подршката и присуството на Бјерн Јакобсен генерален менаџер на ЕЛИТ Спорт од Данска менаџерска агенција со кого во наредните 4 години ќе имаме соработка во организација на кампови, турнири и натпревари како и промоција на нашите активности во регионот во делот на ракометот“, изјави Захариев. 


Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk