Металург комплетен, Мсквалидѕе во аут



Утре во Битола почнуваат битките од полуфиналето од Купот на Македонија. Вардар и Пелистер дуел на кој не очекуваме резултатска неизвесност и Еурофарм Работник - Металург, натпревар на кој може се да се случи. 

Овие два тима одиграа интересен меч во рамките на Супер лигата, средба што заврши без победник, со среќен крај за Металург.
Сега одново се на мегдан, на меч на кој ќе видиме дали таа средба беше само момент и за едните и за другите или ќе биде вовед во уште еден неизвесен натпревар, дуелот за второто место што наскоро ќе го играат овие два тима во „Автокоманда“. 

„Имавме неколку проблеми со повредени играчи што ни го отежна процесот на подготовка, но се консолидиравме“, вели тренерот на Еурофарм Работник, Илија Темелковски. 
„Единствени Мсквалидѕе кој доби силен удар во ребрата на натпреварот со Пелистер нема да биде во составот од споменатата причина. 
Ова е средба на која не би издвоил фаворити. Ние знаеме дека можеме да го добиеме Металург во Битола. Ќе направиме се за да ја искористиме шансата. Имаме своја игра, имаме самодоверба, во нагорна линија сме и сметам дека ќе има интересен натпревар. Знаеме кој е Металург, знаеме што може и никако не се опуштаме пред оваа средба. Сакаме да играме во финале, верувам дека ќе успееме“, вели Тамелковски. 

Тренерот на Металург, пак, Александар Јовиќ мала предност им дава на домашните. 

„Еурофарм Работник е во улога на благ фаворит на овој натпревар. Ние сме комплетни, ни се врати и Марио Танкоски по подолго време и сега сме комплетни. Ќе биде интересен натпревар“, изјави Јовиќ. 

Натпреварот меѓу Еурофарм и Металург е вториот на програмата, со почеток од 19:30 минути, претходно од 16:30 часот силите ќе ги одмеруваат вечните ривали Пелистер и Вардар. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk