Шведски напад на Мајорка

Освен убаво сончево и топло време, Шведска има речиси се што човек може да посака. Но шведските ракометни „пензионери“ се на прагот и тоа да го променат и воедно ракометната пензија да ја направат исклучително привлечна за многу ракометари. 

Афтонбладет“ пишува дека Штефан Холст, долгогодишен спонзор на Луги преку маркетите за храна, Матс Самуелсон, поранешен спортски директор на Кристијанштад и Андерс Нилсен, долгогодишен менаџер во Ракометната федерација на Шведска, преземаат нов клуб.
Како што е „редот“, за убави пензионерски денови, клубот е на сончево и топло место - на Мајорка. Марачи па Мајорка, третолигаш добива моќни спонзори и проверени играчи. 

Магнус Јернемир (41) и Роберт Архениус (38) познатите шведски репрезентативци ќе имаат кам-бек по една година пауза и се нови членови на ова одбрано друштво. Целта им е за три години оваа екипа да стигне со Асобал. Попат, убедени сме дека ќе најдат уште многу ветерани кои би сакале пензионерските денови да ги одработуваат играјќи на Мајорка. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk