Пешевски пред потпис со клуб од ЛШ!

Македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски следната сезона мошне веројатно нема да го носи дресот на Металург, туку ќе игра во Украина.  Неговата следна дестинација е Мотор Запорожје, најдобриот украински клуб последнава деценија.

Преговорите што минатиов период, повеќе од еден месец, се водат на релација Мотор – Пешевски – Металург се блиску да финишираат со резултат од кој веруваме дека ќе бидат задоволни сите три страни. 

Пешевски ја одигра својата најдобра сезона и очигледно оставил силни импресии во украинскиот клуб кој сезонава играше во иста група со Металург во Лигата на шампионите. ​На овие натпревари имаа можност да ја почувствуваат силата на Пешевски кој во ремито во Украина им даде 4 гола, а на реваншот во Скопје постигна еден гол помалку.Мотор стигна до 1/8 финалето каде што беше малерозно беше елиминиран во вкрстувањето со Скјерн, на натпревар на кој голманот на Данците, Тибор Иванишевиќ одбрани дури седум пенали.



Мотор за следната сезона подготвува поголеми играчки промени и по неколку години се враќа во родното Запорожје. Тие сезонава на пикерската позиција каде што треба да дојде и Пешевски ги имаа Максим Бабичев, Димитро Дорошчук, Александар Шевелев (Шевељов) и Лев Целишев. Клубот објави дека летово со заминуваат Шевелев и Целишев. Па така Пешевски би делел минутажа со Бабичев или подобро кажано со Дорошчук кој е попрепознатлив како специјалист за одбрана.

Металург, пак, може уште еднаш гласно да каже дека произвел добар продукт и уште повеќе што има двајца македонски играчи што веќе созреваат до степен да треба да се приклучат кон првиот тим. Тоа се Арсеновски и Лазаревски. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk