Ждрепката за Вардар е во среда

Не во вторник каква што децениската традиција на ЕХФ, туку во среда, на 2 мај, точно на пладне во хотелот „Радисон Блу“ во Келн ќе биде извршена ждрепката за полуфиналните парови на Фајнал фор турнирот во машка конкуренција во Лигата на шампионите. 

Учесници се Вардар, ПСЖ, Нант и Монпеље. Нема никаква протекција при ждрепката, ниту според рејтинг, бодови...

Ждрепката ќе ја изврши градоначалникот на Келн, заедно со незаменливиот кога е во прашање ждрепка Михаел Видерер кој веројатно наскоро ќе биде прогласен за гиносов рекордер по бројот на извршени ждрепки. Неофицијално, ги има преку 2000. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk