Екипата на Мешков Брест потпиша договори со двајца ракометари кои ќе бидат големи засилувања за белоруската екипа следната сезона.
Поранешниот ракометар на Металург, подоцна на Бешикташ, а сега на Келце, Дарко Ѓукиќ се сели стотина километри на исток и ќе игра за белорускиот шампион.
Дарко Ѓукиќ ја оправда довербата во Келце, но клубот сезонава го доведе Блаж Јанц, а во меѓувреме и полскиот играч Артур Морито прерасна во ракометар што конкурира за место во тимот, па Келце се меѓу Србинот и Полјакот се реши за својот играч. Ситуацијата се „развиваше“ последниов месец, а најподогтвен и прв што реагираше беше Мешков.
Второто засилување доаѓа од Хрватска, односно францускиот клуб Шамбери. Сандро Обрановиќ, 25 годишниот плејмејкер и лев бек, откако замина од Хрватска каде што се калеше во Карловац и Нексе пред да дојде во ППД Загреб нова средина си најде како позјамен играч во Пик Сегед. Таму остана една сезона, а потоа продолжи под команда на Ивица Обрван во Шамбери. Но, Обрван замина, а сега заминува и Обрановиќ.
Мешков Брест со двата потписа направи одлични зделки, иако некако сме сигурни дека нема да заврши на ова.