Петрушев и Кузманоски заминаа во легенди

Двајца познати и истакнати ракометни работници од денеска се челенови на небескиот ракометен тим.
Богданци и Прилеп останаа без личностите кои го променија изгледот на спортот во овие градови и оставија неизбришлива трага и тага во спортот и кај сите што ги познаваа. 

Вчера почина Гоце Петрушев, поранешниот градоначалник на Богданци и креатор на тимот на Младост, клуб што играше многу важна улога во македонскиот ракомет низ деведесеттие и првата деценија на новиот век. Го одржуваше Младост на ниво на најсилните македонски екипи, а Богданци место каде што се решаваа државните првенства, иако Младост никогаш не успеа да стане првак или освојувач на Купот. 
Тоа што тогаш се работеше во Богданци остави поинаков и повреден резултат. Благодарение на „тогаш“, Богданци сега ги има Митко Стоилов, Никола Роглев, Иван Арнаудов, Мите Караиванов, а спомените од убавото време нема да бидат никогаш избришани. 

Денеска и ракометен Прилеп е завиен во црно. Петре Таста Кузманоски си замина на 66 годишна возраст. Не постои ракометен работник, посебно од градот под Марковите кули што не го знаеше харизматичниот Таста. Беше тренер и на машката и на женска екипа на Тутунски Комбинат, подоцна и претседател на клубот. 
Беше директор на јуниорската репрезентација на Македонија која 2000 година играше на ЕП Атина, генерацијата на Лазаров, Мојсоски, Темелков, Јоновски... 

Почивајте во мир
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk