Железничар е на чекор до СЕХА

Ниш е многу блиску да стане шестиот град во Србија каде што ќе се игра СЕХА Гаспром лига. За тоа би требало да се погрижи Јошко Петковиќ (тренер на дузина екипи во Македонија) и нишката екипа составувана од Иван Шмигиќ и Левче Китевски. 

Железничар вчера го совлада Динамо Панчево (30:26), годинешниот учесник во СЕХА и по три кола во плеј оф лигата има три победи. Претходно нишлиите ги совладаа „вечните“ Партизан и Ц. Звезда и тоа на гостински терен. 

По победата над директниот ривал, Железничар ќе треба да се пресмета и со Војводина, па Металопластика... но, возот е веќе тргнат и тешко дека некој ќе успее да го запре во намерите да ја освои двојната круна (Купот веќе го освоија, фото) или во најмала рака да бидат второпласирани. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk