Македонска локомотива за полуфинале

Македонските интернационалци Влатко Митков и Петар Ангелов беа локомотивата што го влечече Кремс до првата победа во австрискиот плеј оф. 

Кремс за противник го имаше тимот на Тирол и победи 28.25 (18:12). Средбата требаше да биде решена во првиот дел, по кој Кремс имаше плус шест гола, но во 44 минута гостите стигнаа на минус еден (20:21), по што Кремс одново најде ритам, поведе со 24:21, на крајот имаше и 27:25 и првиот меч од 1/4 финалето го реши во своја полза.

Влатко Митков веше втор стрелец на тимот со шест постигнати гола, а Петар Ангелов имаше двоцифрен број на интервенци (12/13..). 

Следниот натпревар се игра во вторник во Тирол. Ако победи Кремс ќе се пласира во 1/2 финалето, а ако победи Тирол ќе се игра мајсторка на теренот на Кремс. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk