Македонски судии за ПСЖ

Македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов се делегирани на натпревар од 1/4 финалето на Лигата на шампионите. 
Тие ќе ја делат правдата во „Пјер де Кубертен“, домот на Пари Сен Жермен. 

Парижаните за противник го имаат тимот на Келце од Полска, а првиот натпревар го завршија доминантно со 34:28 (22:10). Резултатски реваншот нема да биде голем предизвик, но голем предизвик е да се суди натпревар на кој актерите се ѕвезди и играчи познати по силата и агресивната игра. Такви има во двата табора, па ќе мораат македонските арбитри да бидат посебно внимателни и да го употребат целиот авторитет за да ги држат под контрола. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk