Кил без Вајнхолд во Скопје

Десниот бек на германската репрезентација, Штефан Вајнхолд нема да биде во чартерот на Кил што во сабота ќе допатува во Скопје. 
По неколку дена неизвесност дали ќе може да игра или не, во најавата за неделниот натпревар, на официјалната страница, Кил објави дека тој не се рехабилитирал од повредата здобиена на првиот меч и дека нема да биде меѓу патниците за Скопје. 

„Без Штефан нашите шанси за пласман на Ф4 сигурно нема да бидар поголеми“, коментираше Алфред Гисласон за составот на својот тим. 


Штефан Вајхнолд постигна два гола на првиот натпревар, потоа се повреди. Марко Вујин е единствената алтернатива на позицијата десен бек, откако клубот го суспендираше, па се раздели со Кристијан Цајц, претходно сезонава. 

Вајнхолд е значајна алка во тимот на Кил, но Марко Вујин е сосема сопсобен да одигра цел натпревар, Можеби одбраната повеќе ќе трпи поради оваа промена, но сеедно, како што кажа и Гисласон - шансите на Кил нема да бидат поголеми без Вајнхолд во екипата. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk