Сегед најде замена за Горбок

Пик Сегед го промовираше четвртото засилување за следната сезона. По Мирко Алиловиќ, Станислав Кашпарек и Џуан Кањељас, дојде редот да ја објават и замената за левиот бек Сергеј Горбок (Харбок), кој во јуни доаѓа во Скопје. 

Замената за рускиот шутер доаѓа од Словенија. Тоа е Ник Хенигман, ракометар на моментниот лидер на првенството на Словенија, Рико Рибница. 
Хенигман има 22 години, игра во два паравца, а на ЕП Хрватска го следеа пехови. Играше повреден и не можеше да пружи максимум, но се виде дека располага со голем потенцијал. 

Во исчекување сме Пик Сегед да потврди и трансфер на Хорхе Македа, иако откако дојде десниот бек на репрезентацијата на Чешка, Станислав Кашпарек, некако се стишаа таквите шпекулации. Очекуваме да потврдат и дека Димитри Житњиков заминува и тоа во Вардар. 
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk