И Лазовиќ потпиша за ЧСМ Букурешт

Денеска добивме и официјална потврда на најавата дека Барбара Лазовиќ ќе им се приклучи на ЧСМ Букурешт и така ќе стане четвртата ракометарка која од ЖРК Вардар се сели во редовите на романскиот шампион. 

Барбара Лазовиќ во прв момент беше поврзувана со Крим и Брест, но француската врска веднаш беше демантирана, а подоцна се испостави дека е прескапа за словенечкиот првак. 

Веднаш потоа ја добивме информацијата дека е во преговори со ЧСМ Букурешт. Таа информација беше во форма на шпекулација, која денеска се реализираше и стана официјална. 
Претходно од редовите на Вардар трансфери во ЧСМ Букурешт договорија и Драгана Цвијиќ, Јованка Радичевиќ и Андреа Лекиќ. 

Заедно со Барбара Лазовиќ за ЧСМ потпиша и Елизабет Омореги. Ќе се потсетите, таа е Бугарка со афро потекло која неодамна доби словенечко државјанство, иако се уште нема дебитирано за репрезентацијата на Словенија на официјален натпревар. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk