Го добија Лино, си ја добија и сапуницата „Тренер сум - не сум“

ППД Загреб денеска со соопштение се обиде да ја расчисти ситуацијата околу тренерската позиција во својот клуб. Уште од СЕХА Ф4 турнирот во Скопје, хрватските колеги тврдеа дека Златко Сарачевиќ на крајот на сезоната замиува и дека најсериозен кандидат за таа позиција е Жељко Бабиќ. Лавината полека си добиваше брзина, Бабиќ и Горење се разделија и во исчекување да се потврди таа шпекулација, се јави ППД Загреб со „шемата“ која беше актуелна зимава - дека Лино Червар го презема ППД Загреб. 

„Договор не е постигнат за преземање на ППД Загреб веднаш по ЕП, туку се пролонгирани преговорите за крајот на сезоната. На барање на Лино Червар, кој сакал мирен период за да ги заврши до крај квалификациите за СП“ се вели во реакцијата на ППД Загреб. 

Златко Сарачевиќ би останал асистент доколку Лино Червар го преземе клубот. И иако се звучи договорено, не можеме да не забележиме дека се користат термини „доколку го преземе клубот“, „ако се договорат“... термини што кажуваат дека иако работите имаат правец, но има доволно простор утре и да не биде така. 

Барем во Скопје имаме искуство со таа работа. Значи од моментот кога Червар е врати во Загреб, во „Автокоманда“ се чекаше неговото враќање или пак информација дека е готово.
Во меѓувреме Червар ниту потврдуваше нити демантираше дека:  Преговара со ППД Загреб или се договара со Металург.
Поточно, на директно прашање веднап по ЕП дали го презема Загреб ни има одговорено:

„Ништо уште немам решено, се тоа се приказни“. 

„Се зависи од газдата“ - пак ни беше неколкупати одговорено на директно прашање околу неговиот статус во Металург.
Очигледно со газдата и не се нашле на иста бранова штом ППД Загреб неофицијално веќе го промовира во свој тренер. 

Но, имајте предвид дека се работи за преговори со Лино Червар. Тоа значи дека ППД Загреб покрај него си ја доби и сапуницата „тренер сум - не сум тренер“. Овде веќе долго се емитува, а сега е ред и на хрватските колеги да ја дешифрираат смислата на одговорите од типот „Не знам, Ќе видиме...“. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk