СЕХА неизвесна за Нексе и Горење

СЕХА следната сезона би можела да изгледа многу поинаку и тоа не само затоа што ќе се подели во две групи и можеби ќе биде збогатена и со други нови клубови. ж
Годинава вицешампионската позиција не им е загарантирана на неколку екипи, напротив, се наоѓаат во подредена ситуација и возот наречен СЕХА би можел да помине покрај нив без да застане за да се качат. 

Во Србија сосема извесно ќе видиме промена. Динамо Панчево и Војводина и оваа година не ги оправдаа очекувања, односно ги потврдија очекувањата дека се на ниво подолу во регионов. Со квалитет, за среќа овој пат немаше од оној другиот тип на инциденти, омаловажувања, соопштенија, навреди и слично што знаеја да го сервираат во минатото. 

Железничар Ниш, во кој активно работи поранешниот директор на Металург, Левче Китевски, а со него се и Иван Шмигиќ, Јошко Петковиќ е пред портите на СЕХА. Немаат голем буџет, но имаат големи амбиции и добро им оди во Србија. Имаат поголем потенцијал од Војводина и Динамо да направат повеќе во СЕХА. А и Ниш е поракометен град од Панчево во секој случај. 

Не му оди на Нексе. Тие фрлија се на една карта - Ф4 во ЕХФ Куп. И имаат плус осум од првиот меч со Фуксе Берлин, но дома се со натпревар повеќе и два бода помалку од Вараждин. Не се ниту втори, пред нив е и Дубрава. Имаат три порази, а плеј оф првенството е на пола.

Табела Хрватска:
1. ППД Загреб 4 натпревари - 8 бода
2. Вараждин - 4 - 6 бода
3. Дубрава - 5 - 6 бода
4. Нексе - 5 - 4 бода
5. Пореч - 5 - 4 бода
6. Спачва Винковци - 5 - 0 бода 

Не му оди ниту на Горење. Тие влегоа во една фаза која е многу лоша. Беа елиминирани во Купот на Словенија, а во дома е шест бода позади и еден натпревар помалку од Рибница. И Копер со Веселин Вујовиќ на чело на колоната брка пласман во СЕХА и ќе биде интересно во втората половина на плеј оф шампионатот. Еден „кикс“ значи и крај на надежите за второ место. 

Табела Словенија:
1. Рико Рибница 5 натпревари - 37 бода 
2. Целје Пивоварна Лашко - 3 - 36 бода
3. Горење Велење - 4 - 31 бод
4. Копер - 4 - 30 бода
5. Лока - 5 - 27 бода
6. Крка 5 - 25 бода
6. Крка 5 - 25 бода

И во Македонија Еурофарм Работник има фрлено око на позицијата на Металург. Но, овде во предност е актуелниот сехалигаш кој има реми на гостински терен и многу подобра позиција за одбрана на второто место. 

ВАЖНО  Е ДА СЕ ЗНАЕ:
Тоа што треба да го знаете е дека пласманот на второто место веќе не носи по автоматизам пласман во СЕХА Гаспром како што беше случај до пред три години. СЕХА Гаспром го задржува екслузивното право да одлучи кои екипи ќе се натпреваруваат во оваа лига. Слично како и ЕХФ во Лигата на шампионите.
СЕХА воведе ваков би рекле одбранбен механизам откако пред три сезони според пласманот во домашното првевнство, место обезбеди и една сезона одигра македонската екипа Макс Струмица. Струмичани направија многу штета по угледот на цела СЕХА и раководството на Лигата не сака веќе такви авантуристи во првенството. Затоа, кој и да биде второпласиран во домашните првенства, прво ќе оди на скенирање во СЕХА, а потоа може да добие дозвола. 
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk