Добивме нови ЕХФ судии

Македонија од денеска има нов судиски пар со дозвола да суди меѓународни натпевари. Виктор Начевски и Даниело Божиновски годините минати низ македонските терени, од најмлади категории до сениорска конкуренција, сега ќе ги збогати и со интернационална кариера. 

Сертификатите ги добија денеска, откако отсудеа на потребното ниво во Норвешка. 

„Викендов во Драмен, шест судиски парови, од Македонија, Црна Гора, Исланд, Швајцарија, Франција и Норвешка, пред комисија судевме плеј оф на нивната младинска лига. Тоа беше последниот испит пред добивањето на сертификатите“; изјави новопечениот ЕХФ судија, Виктор Начевски“, 







Македонија сега има пет активни ЕХФ судиски парови плус Ѓоко Колевски кој, пак, има ЕХФ сертификат, но нема пар. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk