Алекс Душебаев, довчерашниот ракометар на Вардар, а сега на полскиот шампион Келце, по мечот со ПСЖ бил хоспитализиран и задржан на лекување, објавија полските медиуми денеска.
Душебаев имал жесток дуел со Никола Карабатиќ, но не немал тегоби и го доиграл натпреварот. Но, откако се вратил дома почувствувал несвестици, вртоглавици, мачнина и други симптоми што упатуваат дека имал потрес.
Бил хоспитализиран и сега мора да мирува, а од брзината на рехаблитацијата и од докторите зависи дали ќе настапи на реваншот што следниот викенд се игра во Париз.
Имајќи предвид каква е процедуарата во земјите на ЕУ и како се третираат вакви случаи, не веруваме дека Алекс Душебаев ќе биде на теренот на реваншот.
Белја плус за Полјаците е што на тренинг пред првиот натпревар Криштоф Лијевски заработил фрактура на ребро.
ПСЖ на првиот меч победи со 34:28, откако на полувреме водеше и со 12 гола разлика (22:10), така што Келце е веќе отпишан, без разлика дали ќе играат Душебаев и Лијевски, но без нив, можеби ќе се соочи со нова катастрофа.