Мешков Брест на бод до титула

Уште од времето кога Динамо Минск беше силен, тогаш посилен од Мешков Брест, во Белорусија немала вака интересна трка за шампионска титула. 

Сехалигашот Мешков Брест е блиску до одбрана на тронот, но играта не е завршена. СКА Минск годинава покажа квалитет достоен за респект и се уште може да приреди сензација. 

Но, вчера Мешков Брест се чини го направи најголемиот исчекор. Победи во директниот дуел со 29:28 (15:14) и на следните два меча што ќе се играат на 12 и 23 мај ќе им биде доволно и едно реми за да станат одново прваци. 

Но, ако на следниот меч победи СКА Минск, тогаш на последната средба - се може да се случи. 

Па сепак, имајќи предвид дека сега Мешков Брест нема настапи во Лигата на шампионите и во СЕХА шампионатот, ќе може комплетно да се посвети на дуелите со СКА Минск и да не дозволи изненадување, макар тоа било само реми на следната пресметка. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk