Загреб (досега) не го ни побарал Јагањац!

Неделата пред да допатува во Скопје на СХЕА Ф4, управата на ППД Загреб одржа прес конференција на која промовираше четири нови ракометари. На таа средба со новинарите, клупскиот менаџер Божидар Јовиќ изјави дека ППД Загреб веќе разговарал со Халил Јагањац, дека тој сака да се пресели во ППД Загреб и дека во следните дваесетина дена во договор со Металург, треба да се реши неговиот статус.

Деновиве е повторно актуелен, посебно затоа што споед хрватските медиуми во приказната се вклучил и Келце, а од други извори слушаме и дека Мешков Брест е заинтересиран. 

Затоа решивме малку посериозно да ја испитаме ситуацијата и еве што дознавме, кога е во прашње ППД Загреб. 

Хрватскиот шампион ППД Загреб досега воопшто не го контактирал Металург. Немало и нема нивна понуда, нема комуникација со клубот како што најави Јовиќ и како што се зборува низ медиумите. Можеби контактирал со играчот, неговиот менаџер, но не и со клубот кој треба да пресече. 

Уште повеќе од Металург не ни очекуваат ППД Загреб да се јави и да почне преговори. Не веруваат дека хрватскиот тим има толку пари за да ја плати отштетата. Ниту Металург нема поставно бројка за отштета, затоа што нема ни понуда. Сигурно ќе биде над 100.000 евра, но колку над? 

Келце и Мешков Брест од друга страна, би можеле да платат ваква сума, но и нивната заинтересираност досега не е претворена во телфонски повик кон „Автокоманда“. 

И уште една работа врзана со можниот трансфер на Халил Јагањац е временската рамка. Вакви трансфери се договараат сега, а не во јуни, јули... кога Металург нема да може да најде соодветна замена, па и тоа може да игра улога околу отштетата или желбата да го задржи играчот. 

Кога сме кај ППД Загреб, се врти уште една шпекулација, а таа е околу тренерската позиција. Златко Сарачевиќ заминува, а како кандидати наследници се споменуваат Лино Червар, Веселин Вујовиќ и Жељко Бабиќ. 
Во ова трио, Лино Червар и Веселин Вујовиќ се само декор, а колегите од хрватска за време на СЕХА Ф4, најавија дека Жељко Бабиќ повторно ќе се врати на клупата на ППД Загреб.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk