Митревски му го скри голот на Динамо

Екипата на Констанца му врати одмазнички на шампионот Динамо Букурешт за поразот од 27:36 на нивниот прв плеј оф пораз.
Кога дојде редот да играат во Констанца, екипата за која настапуваат македонските интернационалци Никола Митревски и Велко Маркоски победи со 27:20 (12:9), а јунак на натпреварот беше македонскиот чувар на мрежата Никола Митревски. 

Македонскиот репрезентативен голман, според статистиката на романските колеги имаше 19 интервенции, запирајќи го така секој втор шут на актуелниот шампион на Романија. 

Сега дуелите меѓу Динамо и Констанца се 1:1 и ќе решава мајсторката. 

Мајсторка ќе решава и на дуелот меѓу Темишвар (Златко Даскалоски) и ЧСМ Букурешт (Гоце Георгеивски). На првиот меч на пенали победи Темишвар, но вчера победа извојува ЧСМ (19:18), па ќе се игра и трет натпревар. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk