Даскалоски си оди од Темишвар

Македонскиот голман Златко Даскалоски ја одработува својата последна сезона во дресот на романскиот клуб Темишвар. 
Даскалоски (33) во Романија дојде во 2014 година од редовите на Вардар, а претходно има настапувано и за Анкара и Ловќен. 
Во Романија е меѓу најдобрите голмани, но реши откако ќе го комплетира договорот со Темишвар да бара нова средина.


„Нема да го продолжам договорот со Темишвар. Имам опции и за овде и за во други држави, но засега не сум одлучил каде ќе продолжам“, одговори Даскаловски. 


Златко Даскаловски е постојано на список на селекторите на Македонија, а квалитет и искусуство има и за да исполни критериуми и во посилни првенства и поквалитетни клубови. Останува да видиме каков ќе биде финалниот избор и дали ќе остане во Романија, но во друга екипа или следната сезона ќе брани во некоја друга држава. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk