Зошто во Македонија не се произведуваат играчи?

Пишува: Ричи Ѓамовски,  уредник на g-sport.mk

Македонија има Eвропски и СЕХА шампион, има клубови што играат во ЛШ, има систем на натпреварување во млади категории, стотина ракометни школи од кои дел се водени од славни имиња, има ракометна академија, два клуба имаат и сопствени мини-лиги, има ракометни кампови, има поддршка од РФМ за сите млади репрезентации да се натпреваруваат во квалификациите, беше и ќе биде домаќин на кадетски и јуниорски Европски и Светски првенства...

Но, кога колегите од Словенија, Петер Залокар, новинар на „Дело“ и Грегор Лисец новинар на спортскиот весник „Екипа“  ме прашааа:
„Па добро, кој овде освен Металург произведува играчи“... нашите колумнисти одеднаш си добија тема за пишување.

Наскоро ќе добиеме колумни за тоа како се работи во Словенија и други држави, а во меѓувреме малку да се задржиме на тоа што го имаме и што го немаме овде. Темата е многу опширна, а убаво е да се знае дека и РФМ наголемо бара решение па дури и на УО и официјално побара идеи и проекти.

Македонија има систем на натпреварување, но тој е смислен во друго време и функционирал да кажеме добро за тоа време. Сега е како стар моќен компјутер што го имате дома, но собира прашина затоа што не е апдејтиран и прилагоден за новото време. Во таков го претворија тренерите и клубовите.  Сега во голема мерка служи за докажување пред јавноста и газдите и за пополнување на сениорскте екипи со ефтини решенија под изговор дека се дава шанса на младите.

Поентата ни е дека во јуниорското првенство на Македонија, до лани право за настап имаа играчи како Филип Кузмановски , Мартин Велковски, Мартин Томовски... цела екипа што веќе има стаж во Лига на шампиони. Можете да погодите кој би победил кога до максимум би се користеле ресурсите, иако има клубови што го прават токму тоа. Од друга страна други настапуваат и со генерација-две помлади екипи и сето тоа формира еден систем кој не дека не функционира, но не ја дава реалната слика, а ни резултат.

Што се однесува до репрезентациите, мораме прво да се вратиме двесетина дена назад кога македонската кадетска и јуниорска репрезентација гостуваше во Унгарија.  Додека од една страна се радувавме што нашите надежи победуваа на секој меч таму, од друга страна стигнаа критики што се сведуваа на следново:

„Зошто сме во Унгарија и играме со Егершеги, Бугарија и Ајка, а не сме во Бугојно каде што се јуниорските репрезентации на Словенија, Полска, Австрија...“
„Зошто е повикан играчот „х“ од клубот „х“, а не е повикан играчот „у“ од клубот „у“. Една од вечните теми.

Но, за да се добие вистинскиот одговор, треба да се постави вистинското прашање.

А прашањата зошто сме таму, а не онаму и зошто е повикан икс, а не ипсилон, не се вистинските прашања, ниту нивниот одговор нуди некакво решение.  
Вистинското прашање на темава би можело да биде зошто во Македонија нема (меѓународен) турнир за млади категории? Да се корегираме, зошто никогаш немало? Ако не служи добро сеќавањето, освен еден еднократен обид во Ресен пред десетина години да се организира таков турнир, друг таков проект немало.  И не гледајте веднаш кон РФМ, такво нешто може да организира кој било клуб. Или било кои два или повеќе клуба со заеднички сили и средства. Иако поефтина и варијанта што не бара многу труд за сите клубови е да се отиде некаде за да се собира меѓународно искуство, уште поефтини и полесно е никаде да не се оди туку да се играат пријателски натпревари со слични на себе.

А кога би имало, иако не би било наодмет, ниту Македонија, а ниту Вардар, Металург, Аеродром...не би морале да одат во Бугојно,  Балатон, нити пак во Брчко,Маглај, Завидовиќи и слични „центри“ што можат да се пофалат со такви турнири.
Не само репрезентациите туку би ги виделе сите на дело. Академии, школи, клубови. Можеби тогаш и ќе можеме да одговориме и на прашањето зошто е повикан икс, а не ипсилон.

Таков турнир, пардон, турнири, би фрлиле повеќе светло за тоа кој што работи во Македонија со млади играчи,  би виделе со каков потенцијал располагаме, но во суштина не би го решило големиот проблем, иако би бил чекор кон решението. Тоа би било само една коцка во мозаикот, исто како и формирање на „Б“ репрезентација и уште една работа што ја имаме, ама ја немаме – скаути што ќе следат млади играчи, такви личности мора да си најдат место кога ќе се изготвува стратегија. 

Во контекст на ова, следи и кратка приказна од Данска.
Пред околу еден месец, низ данските медиуми осамнаа изјави од ни помалку ни повеќе туку Микел Хансен, Андерс Егерт и слични великани на светскиот ракомет.
„Ова е црн ден за данскиот ракомет“, главно вака изгледаа насловите, за да не должиме.
Зошто црн ден и што ги натера големите ѕвезди да кренат глас? Оставката на Клаус Хансен.
Ако знаете кој е Клаус Хансен, тогаш сте зрели да победите на ракометен квиз.
Клаус Хансен во последните 16 години работел како главен менаџер задолжен за пронаоѓање и работа со млади перспективни играчи.


 
 
 
 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk