Кликовац си најде нов клуб

Уште една ракометарка на Вардар си најде клуб каде што ќе продолжи да игра следната сезона, откако овој Вардар по пет години го напушта друштвото на богати и славни и ќе биде екипа составена од млади домашни ракометарки. 

Црногорката Андреа Кликовац, според пишувања на црногорските медиуми би требало да се пресели во унгарската екипа Кишварда, моментно шестопласирана екипа во првенството. 
Нивниот аптетит се зголемува, а играчкиот состав воопшто не им се за потценување со оглед на тоа дека кај нив сезонава настапуваа играчи како Весна Милановиќ Литре, Самира Роча, Марина Дмитриовиќ... 

Андреа Кликовац, пак, е една од ретките ракометарки кои во овој Вардар се од првиот момент. Таа пред да потпише за „црвено-црните“ играше за Прилеп откаде што дојде со првите засилувања уште пред пет години и успеа да се избори за место во тимот. 

Информацијата за трансферот на Андреа Кликовац од Вардар во Кишварда не е официјално потврдена, па затоа  како и многу други, засега ќе ја третираме само како гласина. 

фото: zrkvardar.mk

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk